Јавна опомена за котираното друштво Трудбеник АД Охрид
четврток, 18 мај 2017
На седницата одржана на 20.04.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Трудбеник АД Охрид. Мерката се изрекува заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2016 година, не објавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2017 година и не објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016 година.

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Трудбеник АД Охрид да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.