Ревидиран извештај за 2003 година на Комуна АД Скопје
вторник, 18 мај 2004
Комуна АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 23.618.000 денари. Вкупната актива на Комуна АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 635.556.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 250.188.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Комуна АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.