Известување од Топлификација АД Скопје
вторник, 18 мај 2004
Топлификација АД Скопје известува дека Собранието на Друштвото на својата 10-та седница одржана на 15.04.2004 година донело Одлука за распоредување на нето добивката по Годишната сметка за 2003 година, согласно која остварената нето добивка во износ од 93.092.735,00 денари се распределува на:
1. 15% (13.963.910 денари) за Законски резерви;
2. до 5% (до 4.654.637 денари) за менаџерски тим, управен одбор и надзорен одбор;
3. Дивиденда на приоритетните акции на ПИОМ
21.343 акции х 165,498 денари = 3.532.224 денари;
4. Дивиденда на обични акции на акционерите:
428.657 акции х 165,498 денари = 70.941.964 денари.