Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 18 април 2008

Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На  17.04.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-57 сопствени обични акции по цена од 7.500 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-35 сопствени обични акции по цена од 7.498 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-18 сопствени обични акции по цена од 7.499 денари за една акција, преку 1 трансакција;


Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.04.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- АДГ Маврово Скопје – 25 oбични акции.