Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 17.04.2006
вторник, 18 април 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 17.04.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 373 сопствени обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 17.04.2006 година Фершпед АД Скопје изврши откуп на 108 сопствени обични акции по цена од 48.100 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.04.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 134 обични акции,
-Топлификација АД Скопје – 1.312 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 61 обични акции,
-Тетекс АД Тетово – 172 обични акции,
-ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 91 обични акции.