Известување од Алкалоид АД Скопје
понеделник, 18 април 2005
Алкалоид АД Скопје, известува дека редовната седница на Собранието на друштвото, Управниот одбор ја свикува на ден 25.04.2005 година во 08:00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Избор на претседавач на Собранието.
2. Избор на бројачи на гласови.
3. Известување за донесена одлука за проширување на дејност и Предлог за донесување на Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Алкалоид АД Скопје со усвојување на пречистен текст.
4. Донесување на Деловник за работа на Собранието на друштвото.
5.Извештаи за работењето на Друштвото за период јануари-декември 2004 година и работата на управниот одбор во 2004 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот
- Предлог-Одлука за одобрување на работата на Управниот одбор
6. Извештај од овластен ревизор.
- Предлог-Одлука за усвојување на Извешајот
7. Извештај за работа на Надзорен одбор на Друштвото во 2004 година.
- Предлог-Одлука за одобрување на работата на Надзорен одбор
8. Годишна сметка на АЛКАЛОИД АД Скопје за 2004 година
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка.
9. Предлог-Одлука за употреба и распределба на добивката по Годишна сметка на Друштвото за 2004 година.
10. Предлог-Одлука за утврдување на посебни резерви.
11. Предлог-Одлука за купување на сопствени акции.
12. Предлог-Одлука утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2004 година (дивиденден календар)
13. Предлог Програма за стекнување бесплатни или по повластена цена акции за вработените за Фондот за акции.
14. Предлог-Одлука за издавање емисија на обични акции за вработените на АЛКАЛОИД АД Скопје.
15. Предлог-Одлука за условно зголемување на основната главнина на АЛКАЛОИД АД Скопје.
16. Одлука за избор на Надзорен одбор на Друштвото
17. Предлог-Одлука за доделување на годишна парична награда на членовите на Надзорен одбор.
18. Именување на овластен ревизор за годишна сметка за 2005 година.
Во Предлог-Одлуката за дивиденден календар, предложената нето-дивиденда по акција изнесува 70,50 денари, со следниот предлог-дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 05.05.2005 година;
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 09.05.2005 година;
- Датум на евиденција за утврдување на право на дивиденда е 11.05.2005 година;
- Исплатата на дивиденда за 2004 година ќе се изврши на ден 16.05.2005 година.