Инвеститорска конференција во Софија
четврток, 18 март 2010
Во организација на Македонска берза АД Скопје и брокерската куќа Булброкерс денес во Софија се одржa инвеститорска конференција (road show) на која трите најликвидни компании котирани на Македонската берза Алкалоид, Гранит и Комерцијална банка се презентираа пред бугарската инвеститорска јавност. Воедно, беше претставен и македонскиот пазар на капитал преку презентација на неговата структура и потенцијалот за инвестирање кој што истиот го нуди.
 
Ставот на Берзата е дека со оваа инвеститорска конференција (road show) им се даде можност на инвеститорите од соседството подобро да се запознаат со перформансите на трите најликвидни компании кои котираат на Македонската берза и да го запознаат македонскиот пазар на капитал во целина. Тоа во голема мерка ќе придонесе за отварање на нови канали за прилив на странски инвеститори, а пред се’ на инвеститори од Бугарија, кои во периодот на изминатиот инвестициски бум не беа присутни на нашиот пазар.
 
На настанот присуствуваа околу 30 институционални и портфолио инвеститори од Бугарија кои имаа можност да одржат и неформални средби со претставниците на македонските компании.