На 17.03.2008 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИД и согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Македонски телекомуникации АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Тутунска Банка АД Скопје, Раде Кончар АД Скопје, ОКТА АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Кјуби Македонија АД Скопје, ИЦН-Фарм АД Скопје и МЗТ ХЕПОС АД Скопје. Тринаестте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат околу 53,15% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.06.2008 година.
Редовна ревизија на МБИД
вторник, 18 март 2008