Дивиденден календар на Комерцијална Банка АД Скопје
вторник, 18 март 2003
Ве известуваме дека согласно Одлуката на Управниот Одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, донесена на 18.03.2003 година, Собранието на акционери на Комерцијална Банка АД Скопје ќе се одржи на 16.04.2003 година.
Управниот Одбор на Комерцијална Банка АД Скопје му предлага на Собранието на акционери да донесе Одлука за исплата на дивиденда за 2002 додина, при што износот на дивиденда за 1 приоритетна акција да изнесува 128,50 денари, односно 12,85% во однос на нивната номинална вредност, а износот на дивиденда за 1 обична акција да изнесува 250,00 денари, односно 5,00% во однос на нивната номинална вредност.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 24.04.2003 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 28.04.2003 година.
Дата на пресек во книга на акционери е 30.04.2003 година.
Исплатата на дивиденда за 2002 година ќе започне на 08.05.2003 година.