Јавна понуда на акции од единаесеттата емисија на Стопанска банка АД Битола
петок, 18 февруари 2005
Согласно Решението на Комисијата за хартии од вредност од 28.12.2004 година, Стопанска банка АД Битола објавува јавна понуда за запишување и купување на акции од единаесеттата емисија на акции на банката.
Вкупниот број на акции од единаесеттата емисија изнесува 14.000 обични акции, со номинална вредност на една акција од 3.000 денари. Вкупниот обем на емисијата изнесува 42.000.000 денари. Акциите се продаваат по цена од 3.000 денари за акција.
Рокот за запишување на акциите е до 09.08.2005 година. Запишувањето на акциите ќе се врши во седиштето на банката.