Во рамките на соработката што Македонската берза ја остварува со берзите од регионот во доменот на размена на податоци од тргувањето, како што беше предходно најавено, на неодамна потпишаниот договор за соработка помеѓу Македонската берза и Бугарската берза од денеска се приклучи и Белградската берза.
Согласно овој договор на дневна основа, по завршување на тргувањето, ќе се разменуваат податоци од тргувањетои финансиски показатели на најликвидните хартии од вредност кои ќе бидатприкажувани на веб страниците на трите берзи.