Размена на податоци од тргување помеѓу Македонската, Бугарската и Белградска берза
четврток, 18 ноември 2010
Во рамките на соработката што Македонската берза ја остварува со берзите од регионот во доменот на размена на податоци од тргувањето, како што беше предходно најавено, на неодамна потпишаниот договор за соработка помеѓу Македонската берза и  Бугарската берза од денеска се приклучи и Белградската берза.
 
Согласно овој договор на дневна основа, по завршување на тргувањето, ќе се разменуваат податоци од тргувањетои финансиски показатели на најликвидните хартии од вредност кои ќе бидатприкажувани на веб страниците на трите берзи.