Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 17.11.2004 година
четврток, 18 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 17.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 11 сопствени обични акции, по цена од 12.352 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 150 сопствени обични акции, по цена од 1.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје изврши откуп на 9.627 сопствени обични акции, по цена од 60 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 944 сопствени обични акции, по цена од 2.700 денари за една акција, преку 7 трансакции;
- Топлификација АД Скопје изврши откуп на 804 сопствени обични акции, и тоа:
o 40 акции по цена од 1.499 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 120 акции по цена од 1.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 30 акции по цена од 1.549 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 314 акции по цена од 1.550 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 300 акции по цена од 1.565 денари за една акција, преку 1 трансакција.