Привремено исклучување од членство во Берзата на членката МАК БРОКЕР АД Скопје
четврток, 18 октомври 2007
Согласно Решението бр.08-297/53 од 17.10.2007 година на Комисијата за хартии од вредност со кое е изречена мерка привремена забрана на брокерската куќа МАК БРОКЕР АД Скопје за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено согласност, Главниот Извршен директор на Македонска берза АД Скопје на ден 17.10.2007 година донесе Одлука за привремено исклучување од членство во Берзата на членката МАК БРОКЕР АД Скопје во времетраење од 30 работни дена од денот на донесувањето на Одлуката, односно до денот на траење на изречената мерка привремена забрана за вршење на услуги со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност.