Известување од РЖ Услуги АД Скопје
вторник, 18 октомври 2005
Во рамките на постојаното следење на состојбата на пазарот, особено тргувањето со акциите на котираните друштва, на барање на Македонската берза, РЖ Услуги АД Скопје ја достави Одлуката за откуп на сосптвени акции, донесена од страна на Одборот на директори на друштвото на 06.10.2005 година.
Во одлуката е наведено дека се одобрува откуп на 157.000 акции на РЖ Услуги АД Скопје кои се нудат на Македонската берза, по максимална цена од 60,00 денари по акција. Периодот за откуп изнесува 12 месеци.
Претходната одлука за откуп на сосптвени акции, донесена на 07.07.2005 година се става вон сила.