Седница на Одбор на Директори
петок, 18 октомври 2002
Одборот на директори на Македонската Берза АД Скопје, на својата седница одржана на 17.10.2002 година, донесе Одлука за прием на Силекс банка АД Скопје со статус учесник во тргувањето на Македонската Берза АД Скопје. По исполнувањето на обврските кон Македонската Берза АД Скопје, до 25.11.2002., Извршниот директор ќе донесе Одлука за денот на отпочнување со тргувањето на Силекс банка АД Скопје.