Јавна опомена за котираното друштво Агроплод АД Ресен
среда, 18 јануари 2017

На седницата одржана на 28.12.2016 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Агроплод АД Ресен. Мерката се изрекува заради ненавремено ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015 година, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2016 година и ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2016 година.

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Агроплод АД Ресен да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.