Продолжување на тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје
петок, 18 јануари 2008
Со оглед на тоа што истекува забраната за тргување со акциите на АДГ Маврово Скопје утврдена со Решение на Комисијата за хартии од вредност бр.08-3498/4 од 29.11.2007 година, на 21.01.2008 година ќе продолжи тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје на Македонската берза. Согласно Правилата за тргување на Берзата, тргувањето со акциите на АДГ Маврово Скопје на 21.01.2008 година ќе се одвива во режим на фиксинг.
Согласно одлуката на Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје, АДГ Маврово Скопје е времено суспендирано од котација на Берзата заклучно со 26.01.2008 година. Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата прва наредна седница, врз основа на информациите што се доставени до Берзата во меѓувреме, дополнително ќе одлучи за статусот на котацијата на акциите на АДГ Маврово Скопје на Берзата. Во периодот на времената суспензија од котација која започна од 28.11.2007 година мируваат сите релации помеѓу Македонската берза и АДГ Маврово Скопје врз основа на склучениот Договор за котација.