Конверзија на приоритетни во обични акции на Комерцијална банка АД Скопје
среда, 18 јануари 2006
Комерцијална банка АД Скопје известува дека на барање на акционери-сопственици на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје број 02-1600-11398/25.03.2004 година донесена на 17-та редовна седница на Собранието на Банката одржана на 24.03.2004 година, Банката достави барање до Централниот депозитар за хартии од вредност да изврши конверзија на вкупно 10.720 приоритетни акции во 10.720 обични акции издадени од Банката.
Централниот депозитар за хартии од вредност со писмо ја известил банката дека постапил по нејзиното барање.
Со тоа, новата состојба на бројот на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје:
- 120.975 приоритетни акции и
- 1.893.092 обични акции.