Известување од Комерцијална банка АД Скопје
среда, 18 јануари 2006
Комерцијална банка АД Скопје известува дека врз основа на Одлуката за замена на приоритетните акции во обични акции издадени од Комерцијална банка А.Д. Скопје, сите сопственици на приоритетни акции може да извршат замена на приоритетни акции во сооднос 1 приоритетна акција со поединечна номинална вредност од 1.000,00 денари за 1 обична акција со поединечна номинална вредност од 1.000,00 денари. Правото за конверзија е утврдено до 31.12.2006 година, освен во период од 15.02.2006 година до датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда.
Сите акционери сопственици на приоритетни акции кои што сакаат да го искористат своето право за конверзија на приоритетните во обични акции и со тоа да се стекнат со право на глас и право на дивиденда на обични акции за 2005 година, потребно е тоа да го сторат најдоцна до 15 февруари 2006 година. Барање за конверзија на приоритетни акции може да се подигне во Комерцијална банка А.Д. Скопје, Кеј Димитар Влахов бр.4 стар дел, канцеларија 220. За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефоните 3211-377 и 3107-332.