Известување од РЖ Институт АД Скопје
вторник, 18 јануари 2005
РЖ Институт АД Скопје информира за позначајните настани во работењето на друштвото во 2004 година:
- Производството и реализацијата на производи и трговски стоки во 2004 година бележат пораст во однос на 2003 година, додека услугите и истражувањата бележат стагнација;
- Инвестиционите вложувања во 2004 година изнесуваат 20,3 милиони денари и се зголемени во однос на 2003 година, кога биле инвестирани 12,5 милиони денари;
- Бројот на вработени во 2004 година изнесува 19 и во однос на 2003 е зголемен за 7 вработени;
- Акциите кои ги поседуваше Фондот за ПИОМ се откупени од доминантниот сопственик на друштвото, со што акциите се трансформирани од приоритетни во обични;
- Вратен е кредит од ИК Банка во износ од 25.000 евра;
- Судската постапка со Југохром АД-во стечај е завршена со спогодба;
- Во соработка со Фондот за животна средина е работено на развивање и имплементирање на Стратегија за почисот производство, користејќи ги искуствата од УНИДО/УНЕП и Чешкиот центар за почисто производство.