На седницата одржана на 10.09.2012 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на котираното друштво ЕМО АД Охрид. Мерката се изрекува заради неисполнување на одредбите од точка 6.09. подточка 2 од Правилата за котација, односно ненавремено објавување преку СЕИ-Нет на неконсолидираниот, неревидиран биланс на успех за периодот 01.01-31.03.2012 година.
Објавувањето на финансиските извештаи на друштвото претставува една од основните обврски кои произлегуваат од котацијата на друштвото на Официјалниот пазар на Берзата и истото влијае на донесувањето на инвеститорските одлуки и на цената на акциите на друштвото на Берзата.
Јавна опомена за ЕМО АД Охрид
понеделник, 17 септември 2012