Редовна ревизија на МБИД
понеделник, 17 септември 2007
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс на 17.09.2007 година изврши редовна ревизија на МБИД.
Имајќи го предвид остварениот промет во изминатиот квартал, како и бројот на денови на тргување и флуктуациите на цените на друштвата чии акции се тргуваат на Пазарот на јавно поседувани друштва, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Стопанска банка АД Скопје, Миттал Стеел Скопје (ХРМ) АД Скопје, Миттал Стеел Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Македонски телекомуникации АД Скопје, Кјуби Македонија АД Скопје, Тутунска Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, ОКТА АД Скопје, Металец АД Прилеп, Адинг АД Скопје и Бетон АД Штип. Дванаесетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат околу 74% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД ќе се изврши на 15.12.2007 година.