Јавна опомена за котираното друштво Благој Туфанов АД Радовиш
среда, 17 август 2016

На седницата одржана на 28.07.2016 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Благој Туфанов АД Радовиш. Мерката се изрекува заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2015 година, неревидираните неконсолидирани финансиски извештаи за периодот за периодот 01.01.-31.12.2015 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2016 година, односно неисполнување на обврските согласно член 40 став став 2 и став 3 од Правилата за котација.

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Благој Туфанов АД Радовиш да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.