Известување од Комерцијална банка АД Скопје
среда, 17 август 2005
Во врска со објавениот неревидиран Биланс на успех за периодот 01.01.-30.06.2005 година, а со цел дообјаснување на прикажаните финансиски податоци во истиот, Комерцијална банка АД Скопје известува за следното:
“Изминатата 2004 година претставуваше година во која беа остварени вонредни резултати и истата ниту во првата половина, ниту пак со крајот на годината не претставува адекватна споредбена основа со која би се компарирале резултатите за 2005 година. Како што е веќе објавено во годишниот извештај на Банката, во писмото од Работоводниот орган:
-Значително влијание на остварената добивка имаат вратените средства од спорот со Управата за јавни приходи по пресудата на Врховниот суд на Република Македонија во износ од 106,5 мил.денари, ослободените резервации при продажбата на РЖ Ладна Валавница на ЛНМ Холдингс Н.В. во износ од 312,2 мил.денари и др.
Во рамките на остварување на своите редовни активности за периодот 01.01-30.06.2005 година Банката покажува тренд на пораст, така што нето приходите од камата се поголеми за 3%, нето приходите од провизии и надоместоци и поголеми за 14,8% и нето позитивните курсни разлики се поголеми за 34,3%”.