Известување во врска со написот во “Утрински весник“ за можното спојување на “Алкалоид“ АД Скопје и “Зегин“
вторник, 17 август 2004
Во врска со информацијата објавена во дневниот весник “Утрински весник“ околу можното спојување на “Алкалоид“ АД Скопје и “Зегин“, по извршените телефонски контакти со менаџментот на “Алкалоид“ АД Скопје, ја известуваме јавноста дека не се започнати формални преговори за спојување на овие две друштва.