Известување од РЖ Институт АД Скопје
вторник, 17 август 2004
РЖ Институт АД Скопје ја извести Македонската Берза дека остварената нето добивка за 2003 година во износ од 20.994.263 денари е распределена на следниот начин:
- Покривање на загуба од минати години во износ од 11.395.900 денари;
- Издвојување за законски резерви во износ од 3.149.139 денари;
- Останатиот износ од 6.449.224 денари е нераспределена добивка која се планира да се искористи за реинвестирање и проширување на производната програма.