Внесување на издавачот Факом АД Скопје на Листата за набљудување
петок, 17 јули 2026

Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Факом АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Факом АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради поведена претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка на  издавачот Факом АД Скопје.