Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 17 јули 2008
Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На 16.07.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-10 сопствени обични акции по цена од 6.201 денар за една акција, преку 1 трансакција;

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.07.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 92 обични акции,
-Стопанска банка АД Битола – 12 обични акции.