Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.07.2006
понеделник, 17 јули 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 14.07.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 2 сопствени обични акции по цена од 27.900 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.07.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макпетрол АД Скопје – 24 обични акции,
-Скопски Пазар АД Скопје – 423 обични акции,
-Топлификација АД Скопје – 910 обични акции,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 96 обични акции.