Одборот на директори на Македонска берза на седницата одржана на 13.06.2014 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од ЕМО АД Охрид од подсегментот Берзанска котација и нивно префрлање на котација на подсегментот Задолжителна котација во рамките на Официјалниот пазар на Берзата.
Акциите издадени од ЕМО АД Охрид се исклучуват од котација од подсегментот Берзанска котација и се префрлаат на котација на подсегментот Задолжителна котација, согласно член 54 став од Правилата за котација на Македонска берза.
Акциите издадени од ЕМО АД Охрид ќе бидат префрлени на подсегментот Задолжителна котација во рамките на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 18.06.2014 година (среда).