Известување од ЗК Пелагонија АД Битола во врска со блок-трансакцијата со акциите на Друштвото
четврток, 17 јуни 2004
Во врска со најавената блок трансакција со акции на ЗК Пелагонија АД Битола, Македонската Берза од ЗК Пелагонија АД Битола доби известување во кое е наведено дека Друштвото нема сознание за некоја ценовно осетлива информација која би влијаела на цената на акциите на ЗК Пелагонија АД Битола. Во известувањето е наведено е дека цената на акциите на ЗК Пелагонија АД Битола во денешната блок трансакција е резултат на меѓусебен договор на купувачот и продавачот.