Откуп и продажба на акции од котирани друштва на 16.05.2005 година
вторник, 17 мај 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.05.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 184 сопствени обични акции, по цена од 2.030 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 16.05.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Тетекс АД Тетово изврши продажба на 3.000 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 21 трансакција.