Промена на член на Управен Одбор на Винка Виница
четврток, 17 април 2003
Винка АД Виница известува за следното:
-на 16.01.2003 година е извршена промена на член на Управен одбор, при што е разрешена г-ѓа Милка Јовановска од Виница, а наименуван член е г-ѓа Марија Атанасова од Виница;
-од страна на лицето Аце Димитриевски е извршена продажба на 22.210 акции од Винка АД Виница, а како купувач се јавува ДОО Прима Скопје, ул. Крсте Мисирков бр. 57. По извршената продажба лицето Аце Димитриевски останува акционер со 17.000 акции.