Продолжен рок за реализација на 6-та емисија на КИБ Куманово
четврток, 17 април 2003
Според Решението на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија бр. 07-1553/12-2002 од 08.04.2003 година, рокот за реализација на шестата емисија на акции на Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово е продолжен за три месеци, односно до 07.07.2003 година. Вредноста на шестата емисија е 161.752.040,00 денари.