Одлука за откуп на сопствени акции на Комерцијална Банка
четврток, 17 април 2003
1.Собранието на Комерцијална Банка АД Скопје на својата редовна седница одржана на 16.04.2003 година, ја потврди предложената Одлука на Управниот одбор на Банката за употреба и распоредување на остварената добивка за период од 01.01-31.12.2002 година и воедно го прифати предложениот Дивиденден календар.
2. Собранието на Комерцијална Банка АД Скопје на својата седница одржана на 16.04.2003 година, донесе Одлука за одобрување на купување на сопствени акции. Основни одредби од Одлуката се:
-Собранието на Комерцијална Банка АД Скопје одобрува откупување до 5.000 сопствени обични акции во вкупна номинална вредност од 25.000.000,00 денари;
-купувањето на сопствените акции Банката ќе го врши од делот од добивката за 2002 година распоредена за откуп на сопствени акции во износ од 10.000.000,00 денари;
-номиналната вредност на сопствените акции што Банката може да ги откупи изнесува 1,24% од номиналната вредност на акционерскиот капитал на Банката;
-откупот на сопствените акции ќе се извршува најдоцна до 16.04.2004 година;
-најниската цена за купување на сопствените акции се утврдува на 2.000,00 денари за една обична акција, а највисоката цена се утврдува на 5.000,00 денари за една обична акција.