Ве известуваме дека на 22.03.2022 година (Вторник), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), од страна на продавачот Еуростандард банка АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје што претставува 14,83% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000,00 денари по акција преку моделот “на парче“.
Согласно позитивната законска регулатива ( член 35, став 1 и став 2 од ЗХВ) постои ограничување кој може да биде акционер во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје и тоа:
“Акционери во депозитарот можат да бидат брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, берзи и депозитари, со добиена дозвола за работење од орган надлежен за издавање на дозвола за работење на овие субјекти.
Правните лица од ставот 1 на овој член и со нив поврзаните лица можат да се стекнат со квалификувано учество на акции само во еден депозитар. “
Согласно позитивната законска регулатива ( член 2, точка 19а од ЗХВ) поимот квалификувано учество е дефиниран на следниов начин:
“Квалификувано учество во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност" е директно или индиректно поседување на најмалку 10% или повеќе од вкупниот број на акции или од издадените акции со право на глас во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност, без оглед дали лицето ги стекнува акциите само или заедно со други поврзани лица”
Согласно позитивната законска регулатива ( член 152a, став 1 од ЗХВ) постои следново ограничување:
“Физичко и/или правно лице кое има намера директно или индиректно, постапно или одеднаш, да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 10%, 20%, 30% и 50% од вкупно издадените акции со право на глас на брокерска куќа, депозитар или берза на хартии од вредност, без оглед на тоа дали има намера акциите да ги стекне само или заедно со други поврзани лица, е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на претходна согласност за стекнување на квалификувано учество.”