Согласно решението на Комисија за хартии од вредност, добиено на ден 15.03.2008 година, со кое се забранува вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје, Ве известуваме за следното:
Членката Иново Брокер АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од ден 15.03.2008 година. Воедно, согласно задолжението од решението на Комисијата за хартии од вредност, брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје привремено се исклучува од членство во Берзата во периодот на траење на забраната.
Иново Брокер АД Скопје-забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност
понеделник, 17 март 2008