Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.02.2006
петок, 17 февруари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.02.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 373 сопствени обични акции по цена од 34 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 16.02.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 20 сопствени обични акции, по цена од 6.205 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.02.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 20 обични акции.