Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.02.2005 година
четврток, 17 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 16.02.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 7.000 сопствени обични акции, и тоа:
o 6.000 акции по цена од 2.062 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 1.000 акции по цена од 2.070 денари за една акција, преку 1 трансакција.
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 1.104 сопствени обични акции, и тоа:
o 700 акции по цена од 1.240 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 404 акции по цена од 1.250 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.02.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 218 обични акции;
- ОХИС АД Скопје - 108 обични акции.