Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.12.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-173 сопствени обични акции по цена од 3.700 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 16.12.2008 година Алкалоид АД Скопје изврши откуп на:
-30 сопствени обични акции по цена од 3.450 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.12.2008 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Комерцијална Банка АД Скопје – 27 приоритетни акции.