Редовна ревизија на индексот MБИ10 и индексот МБИД
понеделник, 17 декември 2007
На 17.12.2007 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10 и на индексот МБИД.
Ревизијата на МБИ10 беше извршена со изменета Методологија за пресметување, во која беше воведена можност за користење на „зона на рангирање“ според која за една акција која е елемент на МБИ10 да излезе од индексот, истата треба да е рангирана на 13-то место или подолу и за да една акција која не е елемент на МБИ10 влезе во индексот истата треба да е рангирана на 7-мо место или погоре. Согласно Методологијата, Комисијата за берзански индекс констатираше дека од вторник, 18.12.2007 година, елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Тетекс АД Тетово и Охридска Банка АД Охрид. Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.06.2008 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Фабрика за кабли АД Неготино, Струмица Табак АД Струмица, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Македонски телекомуникации АД Скопје, Силекс Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Кјуби Македонија АД Скопје, Тутунска Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Фабрика Карпош АД Скопје, и МЗТ ХЕПОС АД Скопје.
Четиринаесетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат околу 93% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.03.2008 година.