Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.12.2004 година
петок, 17 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 16.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 180 сопствени обични акции, и тоа:
o 18 акции по цена од 1.870 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 14 акции по цена од 1.894 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 7 акции по цена од 1.895 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 141 акција по цена од 1.900 денари за една акција, преку 7 трансакции.
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 32 сопствени обични акции, по цена од 12.300 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 15 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 4 обични акции;
- РЖ Техничка Контрола АД Скопје - 6 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 126 обични акции;
- РЖ Интер Трансшпед АД Скопје – 15 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 342 обични акции.