Известуваме дека на седницата одржана на 16.11.2017 година Одборот на директори на Берзата оцени дека е настаната промена во состојбите и околностите што придонесоа за времена суспензија од котација на акциите на Топлификација АД Скопје, поради што беше одлучено после истекувањето на моменталната суспензија, почнувајќи од 20.11.2017 година (понеделник), истите да бидат вратени на котација на подсегментот Берзанска котација.
Притоа, Одборот на директори го задолжи друштвото на 17.11.2017 година преку СЕИ-Нет да ги објави сите известувањата кои за време на суспензијата од котација беа објавени на интернет страницата на Берзата согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност како и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година.
Акциите на Топлификација АД Скопје вратени на Берзанска котација од 20.11.2017 година
петок, 17 ноември 2017