Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.11.2005
четврток, 17 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 16 сопствени обични акции, по цена од 2.950 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје –140 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид – 87 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид – 237 приоритетни акции.