Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.11.2004 година
среда, 17 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 16.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 200 сопствени обични акции, по цена од 1.850 денари за една акција, преку 10 трансакции;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 200 сопствени обични акции, по цена од 2.752 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Реплек АД Скопје – 95 обични акции;
- Агроплод АД Ресен – 2 обични акции.