Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.10.2019 година Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 7.016 сопствени обични акции по цена од 10.800,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.10.2019 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Макстил АД Скопје – 511 обични акции
- Алкалоид АД Скопје – 20 обични акции
- Уготур АД Скопје – 25 обични акции
- РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 23 обични акции
- АрцелорМиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје – 740 обични акции
- Макпетрол АД Скопје – 43 обични акции
- АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје – 444 обични акции
- РЖ Економика АД Скопје – 22 обични акции
- Комерцијална Банка АД Скопје – 400 обични акции