Сосема очекувано интернет порталот „Фактор“ продолжува со континуираните тенденциозни и дискредитирачки текстови во врска со работењето на Македонска берза АД Скопје и нејзиното раководство.
Во врска со тврдењата во денешниот текст објавен на овој портал во врска со постапување на Берзата согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, би сакале да ја информираме јавноста дека податоците за објавите на информациите од акционерските друштва согласно оваа законска одредба, вклучително и на Берзата, се јавно достапни на официјалната интернет страна на Берзата.
Оттука, не станува збор за никакво ексклузивно поседување на докази од страна на порталот или некакво посериозно истражувачко новинарство, туку се работи за сензационализам и намерно „спинување“ на фактите, мотивирано од непрофесионални причини.
Законитоста на работењето на Берзата, и како пазарен оператор и како акционерско друштво, е предмет на контрола и надзор од страна на надлежните институции.