Се прекинува тргувањето со акциите издадени од Македонска банка АД Скопје
среда, 17 октомври 2007
Согласно член 38 од Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, а по добиеното известување за донесеното Решение од Народната банка на Република Македонија бр.6535 од 16.10.2007 година со кое е укината дозволата за основање и работење на Македонска банка АД Скопје, се прекинува тргувањето со акциите издадени од Македонска банка АД Скопје со шифра на тргување МКБ.