Откуп на соствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.10.2006
вторник, 17 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.10.2006 година Европа АД Скопје изврши откуп на:
- 3.109 сопствени обични акции по цена од 4.153 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
- 1.913 сопствени обични акции по цена од 3.300 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
- 5.000 сопствени обични акции по цена од 4.568 денари за една акција, преку 29 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Европа АД Скопје – 419 обични акции.